На една половина од лицето ставила пудра од 70 евра, а на другата од 5. Ја забележувате ли разликата? (видео)

Сподели со своите пријатели

Наместо да фрлаат пари на скапи оргинали, поголемиот дел од жените се одлучуваат да купат поевтини копии или дупликати на т.н. „dupes“ козметички производи и со тоа да заштедат пари.

Популарната влогерка од Нов Зеланд Шенон Харис неодамна со своите следбеници откри дека пронашла совршена замена за скапата пудра од брендот „Yves Saint Laurent“ кој чини 70 евра. Ѕаа како замена земала пудра која чини помалку од 5 евра и одлучила да покаже дали тие се разликуваат.

 

Loading...

 

– Мислам дека најдов одлична копија за скапиот „Yves Saint Laurent“ кој инаку ми е омилен бренд за козметика. Ќе ви покажам туторијал во кој на едната половина на лицето ќе нанесам скапа пудра, а на другата од поевтината, рекла влогерката.

Најпрвин на лицето нанела подлога, а потоа и пудра. Откако завршила со шминкањето видела дека двата вида пудри покажале исто што се однесува до прикривање и траење на лицето. Дури прокоментирала дека би можела да се клади дека поевтината опција траела малку подолго од поскапата.