Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатот деноноќие бележат две интервенции на запалена сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата се случила во 15:18 часот кога на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“, поточно на периферијата на градот во селото проевце се запалила сува трева. На терен излегле двајца пожарникари со едно возило и го ликвидирале огнот во 15:58 часот. Причината за избувнување останува непозната.
Тројца пожарникари гаснеле опожарена сува трева и во период од 14:53 до 15:25 часот на Романовски пат. Исто така причините и површината на опожареност остануваат непознати.

