Драматично поскапување на гасот наскоро би можело да ги погоди возачите на нови дизел возила, на кои им се заканува недостиг од потребниот додаток „AdBlue“, течност која го намалува нивото на азотни оксиди во издувните гасови.
Без тој додаток за гориво, многу патнички автомобили, како и камиони со дизел, нема да можат да возат. Европските производители на „AdBlue“ го намалија производството поради високата цена на гасот, бидејќи за производство на еден литар „AdBlue“ е потребен килограм гас.
– Сите големи производители веќе го сведоа својот производ на контингенти, а некои целосно го прекинаа производството – истакнува веледрогеријата на „АдБлу“ во Австрија, Андреас Обередер.
Големиот германски хемиски концерн BASF уште во септември го намали производството на амонијак, кој е важен во производството на „AdBlue“. Во октомври производството го намали и најголемиот производител на амонијак во Германија SKW, бидејќи поради цената на гасот таа работа не се исплатела.
Германските камионџии веќе се вознемирени од заканувачкиот недостиг на „AdBlue“. Според здружението на превозници, овој додаток е неопходен за да можат најмалку 90 отсто од камионите да продолжат да вршат транспорт.