На Деве Баир се чека повеќе од еден час за влез во Бугарија

Сподели со своите пријатели

На преминот Деве Баир на македонско-бугарската граница поради зголемена фреквенција на возила, за излез се чека повеќе од еден час, информира АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење поради зголемениот интензитет на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

Извор: МИА