На денот на нејзината венчавка побарала од шминкерот целосна трансформација (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Невестите на денот на својата венчавка не сакаат да бидат забележани само поради нивната венчаница, туку и поради гламурозната шминка и фризурата кои го надополнуваат целиот изглед, но една анонимна идна невеста отишла чекор понатаму и го прашала нејзиниот шминкер да и направи целосна трансформација на изгледот.

Loading...

Во своето видео на ТикТок, професионалната шминкерка Селена Марчанд покажа како го исполнила барањето на невестата која, како што пишува Mirror, ја молела да изгледа сосема поинаку од вообичаеното за нејзината свадба. Споделувајќи го видеото, Селена напишала: „Оваа невеста ми рече да ја претворам во друга личност, но да бидам гламурозна”

Таа го снимила целиот процес на шминкање и го покажа на ТикТок, но видеото не им се допадна на многу корисници, па ги споделија своите размислувања во коментарите.

„Друга личност? Тоа е некако тажно…“ напиша еден корисник, додека друг корисник додаде: „Ова ме растажи многу. Сакам да се гледам себеси и да се видам себеси, а не друга личност. Отпрвин мислев дека си ѝ рекла „Немој!“, а не „Може!“.

 

@selenamup My bride asked for glam and that’s exactly what she got! Hair @updosbyjacquelyntaylor doing makeup in my new studio is a dream #fyp #bridalmakeup #makeup #foryou #bride #weddingmakeup #wedding #glam ♬ original sound – Alexandra Kay