10 јули е 191-иот ден во годината според григоријанскиот календар (192-и во престапна година). Остануваат 174 денови до крајот на годината.
Настани кои го одбележале овој датум низ историјата:
1943 Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија.
1953 Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи – Лаврентиј Бериј, егзекуторот на Сталинистичките чистки. Подоцна Бериј е уапсен, осуден на смрт и стрелан.
1962 САД го лансираа првиот телекомуникациски сателит Телстар-1 за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973 Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
1992 Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама – Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама.
На овој ден родени се:
1509 Жан Калвин — верски реформатор.
1830 Камиј Писаро — француски сликар и графичар.
1931 Алис Манро — канадска писателка.
1851 Фридрих Визер — австриски економист.
1856 Никола Тесла — истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката.
1867 Анте Тресиќ-Павичиќ — хрватски писател и политичар.
1871 Марсел Пруст — француски писател и академик.
1888 Џорџо де Кирико — италијански сликар.
1889 Николај Асеев — советски и руски поет.
1895 Карл Орф — германски композитор.
1911 Кути Вилијамс — американски блуз и џез-музичар.
1926 Павле Вуисиќ — југословенски и српски глумец.
1930 Иван Ивановски — македонски поет.
1931 Алис Манро — канадска писателка — нобеловка.
1950 Абдираим Идризи — македонски и косовски писател.
1957 Петар Нечовски — македонски пејач.
1965 Митар Мркела — српски и југословенски фудбалер.
1965 Алексија — принцеза на Грција.
1967 Зоран Џорлев — македонски виолинист.
1983 Габи — шпански фудбалер.
1985 Марио Гомез — германски фудбалер.
На овој ден починале:
685 Константин IV — византиски цар.
983 Бенедикт VII — римски папа.
1099 Ел Сид — шпански национален херој.
1559 Анри II — француски крал.
1851 Луј Дагер — француски пронаоѓач и фотограф.
1884 Пол Морфи — американски шахист.
1998 Атанас Близнаков — основач на истоимената фондација при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
2001 Хусни Џемаили — член на „ОНА“.