На децата им треба социјализација: Што да правите ако забележите дека детото нема другарчиња во школо?

Сподели со своите пријатели

Често се случува децата поради некоја причина да не можат да се вклопат во нивната околина. Ова може да биде голем проблем бидејќи детето станува „исклучено“ од општеството во време кога му се најпотребни пријатели.

Loading...

Исто така, ако вашето дете е во различно одделение со пријател, не треба да барате од училиштето да го префрли во исто одделение. Ако тие се навистина блиски пријатели, нивното пријателство ќе продолжи и надвор од училницата. На овој начин, вашето дете ќе има односи со други деца кои можат да се развијат во нови пријателства со текот на времето.

 

 

Тоа е всушност одлична можност детето да започне да зборува и да се дружи со други врсници.

– Не треба да се грижите ако стариот пријател на детето стекне нови пријатели. Може да биде многу тешко за детето што неговиот најдобар пријател може да најде нови другарчиња во текот на летото и поради тоа може да се чувствува изоставено. Охрабрете го детето да создаде круг на другари, наместо да се ограничи на само еден – рече психологот Клара Дали.

Таа вели дека најдобриот начин детето веднаш да стекне нови другарчиња е да го вклучи во воннаставни активности или да организира дружење за децата во вашата куќа. На тој начин, детето има шанса да се дружи и да стекне нови пријатели.

Loading...

Најважно е да не бидете нападни

Имајте на ум дека не сите деца се исти. Некои сакаат да се дружат и постојано се опкружени со многу пријатели, додека други уживаат сами или евентуално со едно дете со слични склоности.

 

 

Некои деца се отворени, други се срамежливи и повнимателни. Понекогаш е неопходно детето да се остави само да се снаоѓа меѓу своите врсници.

Експертите велат дека децата на родители кои постојано ги следат и им кажуваат што да прават, решаваат проблеми наместо нив и слично, се помалку способни да се справат со предизвиците на растењето.

Покрај тоа, истражувањата покажаа дека им е потешко да градат пријателски односи. Таквите родители постојано ги држат своите деца „под лупа“, се обидуваат да ги заштитат во секоја ситуација, и на тој начин всушност им штетат.

Loading...

Покрај тоа што се опседнати со надгледување на детето, овие типови родители имаат тенденција да му наметнуваат на детето како да размислува, со кои играчки да игра, а кои не, да му кажат кој би бил добар пријател, а кој не… На крајот, децата на таквите родители растат во фрустрирани, несигурни луѓе убедени дека не можат сами да постигнат ништо.

 

 

Научниците од Универзитетот во Минесота спроведоа истражување на тема премногу заштитни родители и заклучија дека таквиот однос всушност може да резултира со тоа децата да имаат проблеми на училиште, да почнат да се однесуваат полошо, да учат помалку, да им е тешко да се концентрираат, стануваат тврдоглави и создаваат проблеми.

Исклучително е важно детето да научи основни вештини – управување со своите емоции и однесување, но претерано заштитните родители го спречуваат во тоа.

– Нашето истражување покажа дека децата кои имаат премногу заштитни родители знаат дека се помалку способни да се справат со предизвиците на школување и растење – изјавила Никол Пери, главниот автор на студијата.

Таа додаде дека добрата емоционална контрола од страна на родителите ги подобрува перформансите на детето во училиште.

Loading...