Триесет и тригодишна жителка на Скопје била приведена вчера бидејќи на булевар во Куманово возела 60 километри над дозволената брзина.
– На 24.10.2025 во 15:06 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода 33-годишната Г.Ф. од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од кумановската полиција, при контрола со радар констатирано е дека управувала патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 98 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.
– Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на настанот против неа ќе следува кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.
Никола Ивановски

