На Британец му извадиле бубрези тешки 35 килограми: Хирурзите во неверување (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Варен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Loading...

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите.

Заболува едно лице на 1.000 луѓе и нема лек.

Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордни.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.

Се верувало дека стариот рекорд изнесува 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Loading...

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 километри.