Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека му е „скршено срце“ од веста дека Американецот Гад Хагаи бил убиен од палестинската милитантна група Хамас кога го нападнала Израел на 7 октомври.
Loading...
„Џил и јас бевме уништени од веста дека сега се верува дека Хамас го убил Американецот Гад Хагаи на 7 октомври. Продолжуваме да се молиме за благосостојба и безбедно враќање на неговата сопруга Џуди“, објави Бајден, пренесе Ројтерс.
Претходно се сметаше дека Хагаи и неговата сопруга Џудит Вајнштајн биле земени како заложници во нападот на Хамас, а израелскиот весник Хаарец пишува дека таа се уште е заложничка во Појасот Газа.