На автопатот Табановце – Куманово запленети 237 парчиња разновиден алат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација биле запленети вчера на автопатот Табановце – Куманово, а две лица биле лишени од слобода.

– На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32) од с.Никуштак и А.Ш.(32) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

 

Како што појаснуваат од МВР, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван  разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Релативно топло денски, кочан ладно наутро

 

 

– Возилото и алатот се одземени, а лицата се лишени од слобода во ПС ОН Куманово по чл. 278б и чл.235 од КЗ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски