На аукција слика од Ван Гог што ја заплениле нацистите: Се очекува да достигне цена од 30 милиони

Сподели со своите пријатели

Еден век откако последен пат била видена во јавност, сликата на Винсент ван Гог, запленета од нацистите, оди на аукција, каде што се очекува да се продаде до 30 милиони долари.

Loading...

Акварел со тема жетва, под имеот „Купишта пченица“, прикажува жени кои работат на нивите во Арл, Франција, пишува Си – Ен – Ен.

Ван Гог сликал акварел во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лоша здравствена состојба.

Според каталогот на аукциската куќа Кристи, сликата првично му припаѓала на братот на Ван Гог, Тео, а подоцна добила нов сопственик, еврејски индустријалец, Макс Меировски, кој ја купил сликата во 1913 година.

 

 

Соочен со антисемитски прогон во Германија, Меировски бил принуден да ја напушти земјата и ја доверил сликата на Германец кој се занимавал со уметност во Париз.

Loading...

Сликата потоа станала сопственост на Миријам Каролин Алекадрин де Ротшилд, која избегал во Швајцарија по избувнувањето на Втората светска војна.

За време на војната, Германците ја пљачкале колекцијата Ротшилд, која ја вклучувала и сликата „Купишта пченица“, која била пренесена во Националната галерија „Же де Пом“ во Париз во 1941 година, каде што нацистите чувале дела што ги сметале за „дегенерирани”.

Сликата потоа завршила во замокот Шлос Когл во Австрија, каде што влегла во неименувана приватна колекција.

„Купишта пченица“ последен пат била видена во јавноста во 1905 година, кога била изложена во поширока ретроспектива на сликите на Ванг во музејот „Штеделик“ во Амстердам.