Кори Брамс (32) од Конектикат ѝ забранил на својата идна сопруга Ана (23) да носи бела венчаница на венчавката со него.
Ана ја сподели приказната на Фејсбук на форумот „Искуства за венчавки“, добивајќи огромен број лајкови и пред се одговори на луѓето.
– Ми рече дека неговото семејство и тој не може да прифатат да дојдам на свадба во бело бидејќи белото симболизира чистота и јас наводно немам чисто минато според нив. „Извинете, но така е“. така ми рече. Бев запрепастена – напиша Ана.
Бидејќи многу го сакала Кори, исто колку што тој ја сакал неа, таа се обидувала да најде компромис со него. Во разговорот, таа открила дека тој може да прифати бела венчаница, но дека неговите веќе знаат дека таа претходно имала врска.
– Тој целиот живот се плашеше од реакцијата на семејството. Тие се строги христијани и прават сè во животот според тој принцип, за да не предизвикаат Божји гнев. Веднаш штом нашата врска стана сериозна, неговата мајка веднаш го праша каква е мојата историја на врски. Само што слушна дека не сум невина, за малку не ме отпиша, но тој не сакаше да слушне за раскинувањето бидејќи ме сака. На крајот, најдовме компромисно решение – напиша Ана.
Таа прифати дека заради љубовта и мирот на Кори, на венчавката ќе носи сина венчаница дома, но имала нешто да му каже на неговото семејство за време на здравицата.
– Желбата ми беше да ги спуштам малку на земја, како и да ја заштитам мојата позиција во идниот заеднички живот. Им реков, а имаше најмалку 25 од негова страна, дека сега формираме заеднички живот, семејство и дека секогаш ќе гледаме да бидеме едни за други, но да ги оставиме тие правила, тие догми, во нивните домови во иднина. Нека повеќе не се мешаат во нашиот брак со нивните одлуки и закани, бидејќи тоа нема да успее. Им потенцирав дека ги почитувам сите, како и дека носев сина венчаница поради нив и Кори, но дека ова е првото и последното нешто што ќе го направам во мојот живот и за него. Тој молчеше и да речеме дека му преседна неговата венчавка. Подоцна се извини. Имаме нормална врска сега во брак, но тој знае дека веќе не може да бара ништо од тој тип – напиша Ана Бремс.
Во своите коментари, луѓето ја поддржуваа оваа жена, нагласувајќи дека некои христијански догми што денешните верници се обидуваат да ги внесат во современиот живот „повеќе не пијат вода“.