На Америка ѝ останаа само 88 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

На Америка ѝ остануваат само 88 милијарди долари со кои може да ги плати сметките додека Конгресот не го укине плафонот на долгот кој моментално е поставен на 31,4 трилиони долари.

Loading...

Доколку Конгресот не го одобри зголемувањето на лимитот за задолжување, најголемата светска економија ќе банкротира со тешко предвидливи последици на глобалните пазари на капитал.

Една од последиците ќе биде, барем на краток рок, експлозија на трошоците за задолжување на државата, компаниите и граѓаните, како и со оглед на актуелната криза на доверба во американскиот банкарски систем.

Конфликтот меѓу демократите и републиканците засега е толку нерешлив што веќе нема да биде изненадување ако шефицата на Министерството за финансии Џенет Јелен не добие овластување од Конгресот да го прекрши плафонот на долгот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун надгледуваше вежби со симулација на нуклеарен контранапад против Сеул и Вашингтон

Пред една недела, Министерството за финансии сè уште имаше простор за маневрирање за плаќање записи од 110 милијарди долари, а денес тој е намален на 88 милијарди долари.

Со други зборови, Американците имаат само нешто повеќе од една четвртина од средствата што ги ослободија (333 милијарди) со вонредни мерки за да можат да продолжат да си ги плаќаат сметките.

Податоците од US Debt Clock.org, кој ги следи финансиските податоци на САД во реално време, откриваат дека Америка веќе ја надминала границата за задолжување бидејќи американскиот национален долг моментално надминува 31,74 милијарди американски долари.

Имено, Debt Clock проценува дека Америка ги плаќа доспеаните обврски, но реално Министерството за финансии купува време со книговодство и одложување на плаќањата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данска е бесна на САД: Зошто Америка го шпионира Гренланд?

Силниот раст на американските ЦДС покажува колку е сериозна ситуацијата. ЦДС или кредитни свопови се договори помеѓу продавачите и купувачите на хартии од вредност според кои продавачот ќе му врати на купувачот во случај на банкрот.

Во суштина, продавачот преку ЦДС го осигурува купувачот од ризикот од банкрот. Цената на американските ЦДС драстично расте од почетокот на годината.

Јелен пред неколку недели објави дека САД ќе останат без пари за плаќање на сметките на 1 јуни доколку не се зголеми лимитот за задолжување.

Фактот дека им остануваат само 88 милијарди укажува дека американската администрација не може да избегне банкрот подолго од тој рок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна авион во Чиле. Шестмина загинати!

Јелен постојано нагласуваше дека единствената можност е Конгресот да одобри зголемување на лимитот, а американскиот претседател Џо Бајден не ја отфрли можноста за уставно-правен маневар користејќи го 14-от амандман за продолжување на плаќањата без овластување на Конгресот, но исто така рече дека не „дојдов таму“ уште.