Летовите на аеродромот Пулково во Санкт Петербург се обновени по едночасовната суспензија денеска, по веста за неидентификуван објект на небото над рускиот град.
Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин бил целосно информиран за ситуацијата.
Градските власти на Санкт Петербург во објава на Телеграм не ја наведоа причината за прекинот на летовите, откако руските медиуми објавија дека на небото над градот е забележан неидентификуван објект сличен на дрон.
Според непотврдени извештаи на руските медиуми, борбени авиони биле префрлени за да ја испитаат ситуацијата и не забележале ништо, објави Ројтерс.
На брифингот по укинувањето на суспензијата на летовите, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин бил целосно информиран за тоа.
Песков не сакаше да ја коментира причината за едночасовната суспензија.