Филмската продукција „Unversal Pictures“ го пласираше во јавност и вториот трејлер за филмот кој ќе го отслика животот и делото на Стив Џобс, основачот и директорот на мега компанијата Apple.
Филмот во режија на Дени Бојл ќе биде премиерно прикажан на 53-от филмски фестивал во Линколн центарот во Њујорк.
Целта на сценариото не е само формално да се бави со професионалната биографија на Џобс, туку и со неговиот приватен и емотивен живот. Технолошкиот гениј бил и тешка личност за соработка, а особено за емотивни и пријателски врски.
Филмот ги третира и периодите од животот на Џобс како односот кон неговата ќерка и првородено дете Лиса којашто долги години одбивал да ја признае.
Во главните улоги играат: Мајкл Фасбендер како Стив Џобс, а на филмоското платно друштво ќе му прават и: Кејт Винслет, актерката која се прослави со главната улога во хитот Титаник, Сет Роген, Џеф Дениелс и многу други добри имиња од холивудската сцена.
Филмот со должина од 122 минути веќе многумина го очекуваат, а филмските критичари даваат позитивни оценки според досегашните пласирани материјали. Со оглед на големите очекувања, несомнено ова е еден од потенцијалните филмски хитови за последното тримесечје од годината.