На 25 декемврии ќе се прегласува на избирачко место во Теарце
On:
Сподели со своите пријатели
Државната изборна комисија во текот на денот ќе одржи седница на која ќе треба да се донесе само заклучок за повторување на гласањето на избирачкото место 2011 во Теарце, пишува МКД.МК.
Гласањето ќе се одржи на 25 декември.
Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на гласањето за нас нема никакво значење. На гласачкото ливче ќе стојат сите кандиидати на партиите и коалиците кои се пријавиле на предвремените парламентарни избори на 11 декември. Гласањето на гласачкото место 2011 ќе го спроведе истиот избирачки одбор, истата општинска изборна комисија. За нив ќе организираме уште една една мала доедукација – изјави за МКД.мкЉупка Гугучевска, портпаролка на ДИК.
На гласачкото место 2011 запишани се 714 гласачи. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Избирачката единица 6 е 307 гласа.
За ВМРО-ДПМНЕ гласале 91 гласач, а за СДСМ 87. Излезноста беше 56,58 отсто.
Во целата Изборна единица 6 за ВМРО-ДПМНЕ гласале 26.135 гласачи, а за СДСМ 25.828.
Прегласувањето би можело да го смени целокупниот изборен резултат.
Управниот суд вчера ја објави пресудата со која ја уважи тужбата на СДСМ и реши гласањето на избирачкото место 2011 да се поништи.