Советот на Општина Куманово во текот на изминатата година има одржано вкупно 18 седници на кои биле разгледани над 300 точки.
Како што рече денеска на 51та седница претседателката Атина Мургашанска, од 18те седници, 14 биле редовни, три вонредни и една свечена.
Од дел од опозицијата пристигнаа критики дека не се одржани 21 точка кои биле предвидени во програмата за работа, а меѓу нив, според советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Шандева Доневска, точките за советнички прашања.
– Ако се вратиме ретроактивно од септември 2019 година немавме седница за советнички прашања, мислам дека не сме толку транспарантни, граѓаните заслужуваат одговори, тоа се прашања на граѓаните, а ние сме должни да ги поставиме за да знаат каде одат нивните пари. За жал и покрај барањата до таква седница не дојдовмее, рече советничката.
Според претседателката на Советот Атина Мургашанска, причина за тоа е кризната состојба од пандемијата.
– Нималку не беше тоа тенденциозно или со план, причина беше состојбата кризната состојба од пандемијата така да и во првиот, особено во првиот, ниту знаевме како и што ќе работиме, па и понатаму единствено беше со намера да не закажуваме потешки седници и собирање и така имаше проблем, па и сега начинот на кој работиме, сметаме дека тоа дополнително би ја обременило работата на советот, па и нашата безбедност, рече Мургашанска.
Сепак таа потенцираше дека сите советници во текот на седниците имале можност да постават прашања до градоначалникот или до општинската администрација и јавните претпријатија и у установи.
Според претседателката, предвидени се повторно за оваа година со оглед дека се очекува дека состојбата со пандемијата ќе се смири.
Според советникот од ГРОМ, Зоран Петрушевски, во текот на 2020 година била предвидена програма за справување со амбиентален воздух, но истата не била реализирана.
– Еве како еден пример, ние 2020 година сме требале да направиме програма за справување со амбиентален воздух, имаме заедничка мака на сите нас, а ние таква програма не сме разгледувале, надлежните органи не понудиле и ајде сега инспекциите треба да работат, што да работат, па ќе се караме после, загаден воздух па не е толку, мери се или не, а програма не сме донеле. Зборот ми е оваа точка, овие бројки таму да ги искористиме за едно идно многу поодговорно работење во рамки на целата наша општина, рече Петрушевски.
Сепак, спред претседателката на советот, од предвидените точки не се реазлизирани 21, но вон програмата се дискутирало по дури 250 точки.
– Треба да се истакне дека имавме непредвидени, а оведека разгледувани и расправани 250 дополнителни точки. Тоа е двојно повеќе од оние предвидени во рамките на нашата програма, сакам да бидам до крај објективна, дел од тие 250 се збирно предвидени извештаи и информации, но тоа е помал дел, другите доаѓаат како резултат на предлог на советниците, граодначакникот, јавните претпријатија, организации и граѓани, некои беа дел од вонредна состојба, пореба од пренамена на средства, нов начин на работење на општински служби јавни прептијатија, веднаш брзо реагирање во новонастанатата ситуација, а другите не беа поврзани со директното влијатние на кризата, но беа поврзани со функционирањето на градот и она што се јавува како потреба, појасни Мургашанска.
Таа изразни надеж дека во текот на 2021 година ќе заврши пандемијата, и ќе се одржи се она што е предвидено во програмата за работа на Советот на Општина Куманово, но и сите предвидени културни и спортски манифестации кои советниците одлучија да ги поддржат финансиски за оваа година.
Никола Ивановски