На 11 мај САД ја укинуваат вонредната состојба воведена поради коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска објави дека на 11 мај ќе ја укине вонредната состојба прогласена поради епидемијата на Ковид-19, речиси три години откако земјата воведе сеопфатни мерки за борба и сузбивање на коронавирусот.

Loading...

Во 2020 година, претходната администрација на претседателот Доналд Трамп воведе национална вонредна состојба поради корона вирусот и вонредна состојба во јавното здравство, потсетува Ројтерс.

Бајден постојано ги продолжуваше тие мерки.

Канцеларијата за буџетски менаџмент на САД во соопштение соопшти дека декларациите повторно ќе бидат продолжени до 11 мај, а потоа ќе бидат отповикани.