Петнаесет турски морнари киднапирани од пирати во Западна Африка минатиот месец вчера се вратија во Турција.
Ослободените заложници беа пречекани на аеродромот во Истанбул од страна на нивните семејства и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по 21 ден во заробеништво.
Бродот „Моцарт“ пловел од Лагос во Нигерија до Кејптаун во Јужна Африка под знамето на Либерија, кога на 23 јануари бил нападнат околу 185 наутички милји (185 километри) северозападно од островите Сао Томе и Принципе.
За време на нападот загинал еден член на екипажот, азербејџански државјанин. Тројцата турски морнари кои останале на „Моцарт“ се вратија во Турција минатиот месец.
– По 21 ден, ние сме ослободени и среќни сме што сме повторно обединети со нашите семејства, рече капетанот Мустафа Каја откако ги прегрна сопругата и двајцата синови.
– Екипажот беше задржан под вооружена стража во тешки услови во шумата, посочи тој, додавајќи дека освен што доживеале психолошки стрес поради заробеништво, никој од морнарите не е повреден.