МЗ: Од денеска вакцинација и во малата сала од А1 СЦ Борис Трајковски

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство информира дека од денеска почнува вакцинација во малата сала од A1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

– Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат тоа може да го направат без да закажат термин. Вакцинација и ревакцинација продолжува да се одвива и во останатите поликлиники во Скопје, како и низ другите вакцинални пунктови низ државата, стои во соопштението.