МВР: За едноденоќие регистрирани се само 22 бегалци

Сподели со своите пријатели

Само дваесет и две потврди беа издадени на странски државјани на влезот во Македонија, јавува МВР во дневниот извештај за 26 февруари,  од кои 10 од машки и пет од женски пол, како и на пет деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 15 државјани на Сирија и на седум државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Loading...