Вкупно 210 странски државјани, од кои 76 од машки и 39 од женски пол, како и на 95 деца кои го придружуваат носителот на потврдата побарале потврди за искажување право на азил во Македонија во последните 24 часа, јавува МВР.
Според државјанството, потврди се издадени на 158 државјани на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во изминатото деноноќие, до Секторот за азил поднесени се четири барања за признавање на право на азил на државјани на Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.