МВР воведе нов начин за закажување термин за лични документи

Сподели со своите пријатели
Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Loading...

Имено, во оваа секција наречена “Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк: https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за јануари