Само двајца бегалци во текот на вчерашниот ден добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за маж и жена до Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на годината до сега достигна 53.436.
Ова се должи на штрајкот на грчките морнари со што транзитот на бегалците беше во прекин. За текот на денешниот и утрешниот ден се очекува прилив на над 6.000 бегалци на територијата на Македонија, откако заврши штрајкот на грчките пристаништа.
Двајцата Авганистанци не побарале азил во Македонија, туку своето патување најверојатно ќе го продолжат на север.