Вкупно 451 потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во текот на вчерашниот ден, со што вкупната бројка од почетокот на издавањето на потврдите надмина 465.000, информираат од Минситерството за внатрешни работи.
Од издадените потврди вчера 183 се однесуваат на деца бегалци придружувани од родител или старател, додека три деца се самостојни носители на потврдата. Останатиот дел се возразни мажи вкупно 167, како и 99 жени.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 240 државјани на Сирија, потоа на 172 државјани на Авганистан и на 39 државјани на Ирак, а бројката на издадени потврди од почетокто на 2016-та година изнесува 80.627.
До Секторот за азил во изминатото деноноќие не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од почетокот на годината барања поднеле 10 лица.
Во ЈУ „Прифатен центар за баратели на азил“ во дневниот регистар на баратели на азил заклучно вчерашниот ден евидентирани биле вкупно девет баратели на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател.