МВР со засилени контроли на возила, во Куманово 150 за една недела

Сподели со своите пријатели

Вкупно 150 возила биле контролирани изминатата недела во Куманово како резултат на засилената акција на Министерството за внатрешни работи со цел намалување на загадувањето на воздухот.

Loading...

Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот.

И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.

Од вкупно 1859 контроли низ градовите на државата, во Скопје се направени 70, во Тетово 195, во Охрид 383, во Битола 429, во Велес 102, во Куманово 150, во Штип 209, во Струмица 143 и по патиштата низ државата 178.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турски државјанин шверцал мигранти низ Куманово

Податоците од направените контроли покажуваат дека од вкупната бројка, осум возила биле нерегистрирани, кај четири се детектирани неисправни уреди за мерење на емисијата на испусните гасови, а шеест и девет возила се исклучени од сообраќај.