МВР со кампања во Куманово за носење кацига (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Превентивна кампања под мотото „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денеска беше спроведена во Куманово, а истата е насочена кон возачите на мотори, велосипеди и електрични тротинети.

Loading...

Кампањата се реализира во рамките на оперативниот план на Министерството за внатрешни работи – „Безбедно лето“, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје.

 

 

Помошник министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека ваквите превентивни акции директно влијаат на подигањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

– Овие сите активности кои ги преземемае очигледно е дека даваат резултати. Во прват аполовина од оваа година имаме 44 жртви на сообраќајниците што е за 14 помалку од минатата година, а сите знаеме дека минатата година беше најбезбедна година во последните 15 години. Сите овие активности очигледно, блгодарност и до граѓаните што ги почтиуваат рпавилата, даваат резултати, истакна Ангеловски.

 

Loading...

 

Сепак, како што додава, мора и понатаму да се продолжи со превентивните активности, оти и една жртва на сообраќајниците е многу.

– Затоа со заеднички активности и сили сите да допринесеме за побезбеден сообраќај. Уште еднаш апелирам до граѓантие, носете кациги, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да допринесеме за што поголема безбедност, рече Ангеловски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

 

 

Дејан Андоновиќ од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата потенцира дека овие кампањи имаат за цел да ја подигнат  јавната свест и сообраќајната култура.

Loading...

– Апелираме да ги носат кацигите, на електричните тротинети и мопеди се обврзнаи да ги носат, додека на велосипедистите им се препорачува. Не е важно дали ќе бидат санкционирани или не, тие треба да разберат дека тоа пред се за своја лична безбедност ги носат овие кациги, рече Андоновиќ.

 

 

Инаку, според статистиката на Министерството за внатрешни работи, минатата година сообраќајниците во Македонија однеле 116 животи.

Никола Ивановски / Стефан Младеновски