Четириесет и тригодишен жител на Липково вчера го загуби животот откако негов сограѓанин со нож го избол до смрт.
– На 18.04.2020 околу 19.00 часот во Секторот за внатрешни работи во Куманово, од страна на доктор од Јавната здавствена установа Куманово, било пријавено дека кај нив од страна на Итна медицинска помош било донесено починато машко лице со убод од нож, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, по пријавувањето на настанот, увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово и констатирано е дека околу 18,00 часот во селото Липково Б.С (43) од с. Липково, по претходна вербална расправија ,физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од с.Липково, по што Ј.С починал.
По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Б.С. е приведен и се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.
Никола Ивановски