Денеска во 15,55 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово биле забележани лица како го симнуваат државното знаме на Р.Македонија од јарболот лоциран на улицата „Гоце Делчев“ и поставуваат знаме на Република Албанија, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
При обид полициските службеници да ги легитимираат лицата, истите биле нападнати и спречени во вршење на службените дејствија при што им биле нанесени телесни повреди. Во дејствието две засега непознати лица се дале во бегство, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од село Слупчане, се приведени во полициската станица во СВР Куманово.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот.
СВР Куманово превзема мерки за расчистување на настанот