МВР со детали за грабежот во населба Карпош: Од маркетот украдени 57.000 денари

Сподели со своите пријатели

На 27.12.2016 година околу 19.26 часот во Куманово, во маркет во населба Карпош непознато вооружено машко лице извршило разбојништво над вработените, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сторителот влегол во маркетот, го вперил пиштолот кон една од вработените, но истата успеала да го притисне копчето за алармот. Откако сторителот забележал дека го притиснала алармот, ја удрил со рака во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе пука, и ѝ наредил да оди пред него до магацинскиот простор.

Во магацинот нејзината колешка му ги дала парите од дневниот промет во износ од 57 илјади денари, по што истиот уште еднаш ја удрил во пределот на главата, излегол од маркетот и избегал во непознат правец.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.