МВР со детали за дивеењето на бугарските навивачи во Крива Паланка
On:
Сподели со своите пријатели
На 29.06.2017 година околу 03.10 часот во Крива Паланка, на магистралниот пат А-2 на бензинска пумпа пристигнал автобус со бугарски регистарски ознаки со навивачи од фудбалски клуб „Ботев“ од Пловдив, Република Бугарија (оделе на натпревар во Република Албанија).
Додека правеле пауза до 03,30 часот, дел од патниците излегле од автобусот и со црн спреј испишале разни графити со навредлива содржина кон Република Македонија на разни делови од бензинската пумпа, а исто така излепиле и налепници со натпис „БГ“.
Како што додаваат од Министерството за внатрешни работи, во 04.05 часот на магистралниот пат во Куманово, од страна на полициски службеници од Полициската станица Куманово автобусот бил сопрен. По наредба на Јавен обвинител бил извршен преглед, при што кај четири лица бил најден доказен материјал.
При обид да бидат приведени во 07.00 часот навивачите го блокирале магистралниот пат. Околу 07.45 часот сообраќајот на патниот правец бил нормализиран, а автобусот бил вратен во република Бугарија.