МВР СО ДЕТАЛИ: Убиениот и двајцата повредени се од Белановце и Черкези

Сподели со своите пријатели

Вчера 18,20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во село Мала Речица, тетовско. Повредени биле Н.Р. (46) од село Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје и С.Р.(41) од село Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Приведени се четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Кумановец убиен во близина на седиштето на ДУИ

Loading...

Leave a Reply