Од вкупно 2.540 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, дури 1.085 биле издадени на деца бегалци кои патуваат со придружва на родител или старател, како и шест малолетни лица без придружба, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Останатиот дел од потврдите биле издадени на 883 возрасни мажи и 566 припаднички на женскиот пол. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.357 државјани на Сирија, потоа на 744 државјани на Авганистан и на 439 државјани на Ирак, со што вкупната бројка се искачи на вкупно 77.230 потврди само од почетокот на годината.
До Секторот за азил во последните 24 часа не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.