Вкупно 2.841 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во псоледни 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив и овој пат најбројни се малолетните лица и тоа 1.091 дете со придружба од родител или старател, како и три деца самостојни носители на потврдата. Од преостанатата бројка 1.090 се мажи, додека 657 носители на потврдите се женски лица со наполните 18 години.
Според државјанството, најмногу потврди биле издадени на државјаните на 1.303 државјани на Сирија, потоа на 848 државјани на Авганистан и на 690 државјани на Ирак, а вкупната бројка од почетокот на годината до сега изнесува 68.025, додека од почетокот на издавање на потврдите до сега издадени се 452.506 потврди.
До Секторот за азил во последното деноноќие не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.