Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело насилство против првиот човек на Општинскиот комитет на СДСМ Куманово.
Во соопштението стои:
На ден 21.03.2017 година околу 19:40 часот по завршување на протестниот марш „Заедничка Македонија“ во централното градско подрачје во Куманово поточно на улицата „Илинденска“ пред зградата на поранешен Комитет – сегашен угостителски објект „Корзо“, при заминување на тракторите кои учествувале во маршот истите биле пресретнати од лицето М.К. – 34-години од Куманово, Претседател на Општински комитет на СДСМ за Куманово, кој се нафрлил на првиот трактор и удирајќи по тракторот управуван од Р.Ц. – 56 години од село Пчиња, му упатил разни навредливи зборови.
Потоа М.К. се упатил и кон вториот трактор управуван од Н.М. – 23 години од село Пчиња, Куманово и без никаков повод и причина го навредувал, го повлекол од тракторот и физички го нападнал ударајќи го со тупаници во пределот на телото, нанесувајќи му притоа телесни повреди – контузија на вратната кичма.
Од страна на полициските службеници од СВР Куманово се рпезвземени мерки и активности за расчистување на настанот при што лицето М.К. е приведен во просториите на СВР, извршено е алкотестирање над истиот при што се утврдени 1,47 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање и расчистување на настанот до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за извршени кривично дело „насилство“, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.

