Министерството за внатрешни работи денеска попладне излезе со официјално соопштение во кои се изнесени деталите за вчерашните демонстрации и немири кои ги организираа симпатизерите и политичарите на ДУИ во скопски Бутел.
Соопштението го пренесуваме во целост.
На 03.03.2016 год., во времето од 14,00 – 20,00 часот, во населба Бутел, беше одржан најавен протест во организација на огранокот на политичката партија Демократска унија за интеграција – Чаир. Собирањето започна околу 16,00 часот на ул.Кемал Сејфула со присуство на околу 1500 граѓани на кои околу 17,00 часот им се приклучија и граѓани кои организирано од општина Сарај во колона со околу 100 возила пристигнале наул.Кемал Сејфула.
На протестот, кој се одржа кај кружниот тек на крстосницата на ул.Александар Урдаревски и ул.Боца Иванова, поточно на местотокаде што на 27.02.2016 година (сабота), беше поставен камен темелник на крст, во моментот додека градоначалникот на Чаир даваше изјава за медиумите, дел од насобраната маса насилно ја сруши оградата поставена околу темелите на крстот, а дрвената ограда ја запалија при што беше опожарена и една од засадените палми.
Околу 18,00 часот, насобраната масата почна да се намалува и околу 19,30 часот остана група од околу 100-150 граѓани со околу 20-25 возила паркирани во тревникот околу поставените шатори и на коловоз, За време на одржување на протестот од страна на ангажираните УПС не беа употребени средства за присилба кон масата, како и мерки од овластувањата.
Од страна на СВР Скопје и понатаму се преземаат мерки иактивности како не би дошло до нарушување на јавниот ред и мир.