Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден, поточно во 11.00 часот дошло до прекин на контролираното пропуштање на мигранти на гранична кота 59 поради избувнување на немири предизвикани од поголема група на мигранти на самата гранична линија од страна на Р .Грција.
Групата мигранти со помош на метални шипки извршиле оштетување на капијата на која се пропуштаат товарните возови од Р.Грција во Р.Македонија и се обиделе да влезат во Р.Македонија.
Мигрантите фрлале камења и тврди предмети кон полициските службеници.
Со интервенција на полициски службеници од ПЕП и ЕБР, спречен е нивниот обид, и состојбата е нормализирана во 11.50 часот.
При интервенцијата не е употребена физичка сила, односно употребени се шок бомби и солзавци, а повредени биле двајца полициски службеници.
Повредени мигранти на македонска територија нема.