Само 887 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во последните 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од барателите 384 се мажи, 191 од женски пол со 312 деца придружувани од родители или старетли, додека според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 397, Сирија – 358 и Ирак – 132, со што бројката на издадени потвртди од почетокот на годината се искачи на 36.804.
До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил во последните 24 часа нема издадено ниту едно барање.
Претходно во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи стоеше бројка од 190 бегалци кои пристигнале во Транзитниот центар на Табановце, од кои четири стари лица и три бремени жени.