МВР: 458 потврди за бегалците издадени во последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вкупно 458 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадено во последното деноноќие, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број потврди најголем број се возрасните мажи 174, како и децата придружувани од родители и старатели вкупно 173 на број, како и три деца кои патувале без придружба на родители, додека жените на кои им се издадени потврди се во помал број и тоа 108.

Според државјанството, потврди се издадени на 357 државјани на Сирија и 101 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на година заклучно со вчерашниот ден изнесува 88.328.

Во последните 24 часа до Секторот за азил не биле поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.