Вкупно 3.256 бегалци во текот на вчерашниот ден добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Повторно како најчести баратели на потврди се децата бегалци со придружба на родители или старатели и тоа 1.364, нешто помалку мажи – 1.126 и 766 возрасни жени. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.516 државјани на Сирија, потоа на 904 државјани на Ирак и на 836 државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на годината до сега се искачи на 63.402.
До Секторот за азил во измиантото деноноќие не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, а од почетокот на годината тоа го сториле вкупно десет лица, од кои седум Авганистанци и тројца државјани на Сирија.