МВР: 2.393 потврди за бегалците издадени во текот на вчерашниот ден

Сподели со своите пријатели

Вкупно 2.393 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во последните 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Повтроно најбројни баратели на потврдата биле малолетните лица од кои 932 биле придружувани од родител или старател, додека 15 се самостојни баратели на потврда. Останатиот дел се возрасни мажи и тоа 899, како и 547 жени.

Според државјанството, најмногу потврди биле издадени на државјаните на 1.055 државјани на Сирија, потоа на 802 државјани на Авганистан и на 536 државјани на Ирак, со што вкупната бројка од почетокот на годината до сега изнесува 70.418.

До Секторот за азил во последното деноноќие не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во Јавната установа „Прифатен центар за баратели на азил“ во дневниот регистар на баратели на азил за 08.02.2016 година евидентирани биле вкупно 16 баратели на азил од кои 12 мажи, две жени и две деца со придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, стои во известувањето на Министерството за внатрешни работи.