Во текот на вчерашниот ден биле издадени вкупно 2.496 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од вкупно издадените потврди најголемиот број се издадени на возрасните мажи и тоа 887, потоа на 837 малолетни деца во придружба на родители или старатели и на 446 жени. Потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил е издадена и на едно дете кое патува без придружба.
Според државјанствата најголемиот број потекнуваат од Авганистан- 855, потоа Сирија- 835 и 483 државјани на Ирак.