Вкупно 132 странски државјани во текот на изминатото деноноќие добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив најголем број се деца, вкупно 65 придружувани од родител или старетели, 34 возрасни мажи и 33 жени. Според државјанството, потврди билеиздадени на 126 државјанин на Сирија и 6 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на годината, заклучно вчерашниот ден изнесува 89.623.
Во изминатите 24 часа до Секторот за азил не биле поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.