Музеј Куманово објави повик до уметниците за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници“

Сподели со своите пријатели

Уметничката Галерија при НУ Музеј Куманово, објави повик за учество на академски уметници на традиционалната изложба  „Кумановски ликовни уметници 2019 “.

Loading...

Уметничката галерија традиционално ја организира изложбата во чест на Денот на ослободување на Куманово 11 Ноември, на која  се презентира творештвото на кумановските ликовни уметници.

Повикот за пријавата ќе трае до 10 октомври, а изложбата ќе се реализира на 10 ноември.

– Годинава градот, прославува голем јубилеј – 500 години од постоењето (1519-2019),  па во таа насока преку оваа изложба која претставува единствена од овој тип во смисла на синергија, обединување на  ликовните творци и  презентација на нивното творештво на ликовната сцена во Куманово, поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија, во рамки на манифестацијата „Куманово-град на културата 2019“ и од градоначалникот и локалната самоуправа, очекуваме поголем одѕив во однос на минатите години и богата продукција богата и по квалитет и  квантитет, изјави кустосот од Уметничката Галерија, Драгана Спасковска.

Во однос на продукциите, појаснуваат од музејот, оваа традиционална уметничка манифестација се истакнува по широка и хетерогена палета на ликовни изрази. 

На љубителите на уметноста им нуди пресек на ликовните тенденции во градот и поставува прашања за актуелната состојбата на кумановската ликовна сцена во рамките на напредокот и следењето на новите уметнички истражувања и практики во македонската современа уметност.

Учесниците на  изложбата треба  да пријават по едно ликовно дело, по можност неизложувано, од  најновата продукција. Со делото треба да бидат приложени податоци од авторот, насловот и димензиите.

Leave a Reply