Муниција пронајдена во дом на кумановец

Сподели со своите пријатели

Куршуми за сигнален пиштол и за ловечка пушка биле откриени од полицијата во дом на 41-годишен кумановец.

Loading...

– На 29.10.2022 во 09.20 часот од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Куманово по претходна наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во домот на Г.М.(41) од Куманово при што биле пронајдени и одземени куршуми за сигнален пиштол и ловечка пушка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Одземените предмети, велат од МВР, биле без соодветна дозвола за поседување.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово објави јавен повик за субвенции за инвертер клими

Никола Ивановски