Реалити sвездата, која се прослави во шоуто „Real Housewives of Cheshire“, Ампика Пикстон (40), објави дека се верила со милијардерот Дејвид Саливен (72), поранешен сопственик на Дејли Меил и Сандеј Спортс.
Богатството на медиумскиот магнат беше проценето на повеќе од милијарда фунти, а тој ја запроси Ампика, 32 години помлада, на нејзиниот роденден. Инаку, тие двајца се познаваат 10 години, но сега одлучиле да се испробаат како љубовен пар, пишува Сан.
– Да, постои голема разлики во годините, но тие се заљубени. Тие ја криеја својата романса од почит кон сопствените деца и поранешни партнери, но тоа не може да се сокрие засекогаш. Дејвид ја запроси Ампика со прстен од 11 ипол карати. Таа се согласи без размислување, не можеше да одбие таква понуда – раскажува извор близок до парот за таблоидите.
Патем, Дејвид помина 25 години во врска со поранешната sвезда на филмови за возрасни, Ема Бентон Хју, која ја назначи на позицијата потпретседател на клубот Вест Хем.
Пред Дејвид, Ампика имаше свршеник – маж кого го криеше од јавноста и чиј идентитет никогаш не го откри. Таа ја раскина веридбата во 2018 година. Пред тоа, таа беше во брак со милијардерот Марк Пикстон со кого има син.