Генералиот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш денеска повика на мир и воздржаност во Зимбабве, откако тамошната војска ја презеде власта над земјата.
Генералниот секретар на ООН го следи развојот на ситуацијата во Зимбабве. Повика на мир, ненасилство и воздржаност. Зачувување на фундаменталните права, вклучувајќи ја слободата на говорот и собирот, од клучно значење, рекол портпаролот на ООН, Фархан Хак, пренесува Ројтерс.
Loading...
Војската во Зимбабве соопшти дека претседателот Роберт Мугабе и неговото семејстов ги држи на безбедно додека се пресметува со „криминалците“ во опкружувањето на единствениот владетел за кој оваа земја знае во изминатите 37 години од својата независност, наведува британската агенција.
Во драматична акција без преседан во новата историја на југот на Африка, единиците на армијата на Зимбабве распоредени се вчера ширум милионската престолнина Харера, во маневар со кој е блокиран пристапот до парламентот, испразнета е зградата на државната телевизија, а претседателот Роберт Габирел Мугабе е ставен во домашен притвор.
Loading...
Во вторник попладне од воените бараки во Инкомо кон Харере се упатил конвој оклопни возила на армијата.
Во текот на претходната ноќ серија силни експлозии и рафали се слушале во северните предградија, во кои се наоѓаат и резиденциите на Мугабе и низа државни министри.
Вчера во текот на претпладнето војската ја презеде и контролата врз меѓународниот аеродром „Роберт Мугабе“, додека животот во престолнината наизглед тече нормално, како потврдуваат локалните медиуми.