Претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе, обраќајќи се во телевизиски пренос, рече дека ќе остане на власт уште неколку недели и покрај интензивниот притисок да си поднесе оставка, пренесува ВВС.
Loading...
Обраќајќи се кон нацијата, Мугабе, сепак, наведува дека ќе претседава со конгресот на владејачката партија кој би требало да се одржи во декември. Тој на почетокот на обраќањето се ракуваше со воените лидери кои го ставија во домашен притвор пред само неколку дена.
Мугабе рече дека е свесен за „низата причини за загриженост“ вклуувајќи ја економијата која минува низ тежок период, пренесува АП. Исто така вели дека треба да „се научи да проштева и да се решаваат во другарски дух“ и да не се дозволи да преовладува огорченоста. Мугабе своето обраќање го заврши со зборовите „благодарам и добра ноќ“.
Жителите на Зимбабве вчеравечер се собраа во очекување за прослава по повод оставката на Мугабе, но наместо тоа, изгледа дека тој се обидува да остане на власт и покрај владејачката партија, која го смени од функцијата лидер, заклучува АП.
Претходно во декот на денот беше пренесено дека претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе се сложил да даде оставка од власта по цели 37 години. Сепак изглезе дека Мугабе ќе владее „уште малку“.