Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе одби да поднесе оставка за време на преговорите со војската, пренесува агенцијата Францпрес, повикувајќи се на извор близок на вооружените сили на таа земја.
– Тие се состанаа денеска. Тој одбива да ја напушти функцијата. Мислам дека се обидува да добие на време, наведува изворот.
Поранешниот премиер на Зимбабве и сегашен лидер на опозицијата Морган Квангираи, изјави дека Мугабе мора да поднесе оставка во интерес на државата.
Претходно е соопштено дека војската ја презеде контролата над телеивискиот центар во Хараре и резиденцијата на претседателот Роберт Мугабе. На улиците на градот се појавија оклопни возила.
Loading...
Мугабе во телефонски разговор со колегата од Јужноафриканската Република, Џејкоб Зума потврди дека војската го држи во домашен притвор.
Сооптшено е дека сопругата и можна наследничка на претседателот Грејс Мугабе побегнала од земјата, а дека приведениот потпретседателот Емерсон Мнангагва кој се вратил во престолнината за да застане на чело на владата.
Мугабе, кој сега има 93 години, раководи со земјата од нејзиното објавување на независноста во 1980 година.